Македонската интернационалка Бисера Паскал, која оваа сезона настапува во амбициозниот тим на Бнеи Херцлија од Израел, продолжува со одличните партии во израелскиот шампионат.
Голманката од Македонија со својот тим го совладаа тимот на Холон, со резултат 37:33, во натпревар од 4. коло од тамошниот шампионат и покажаа дека имаат квалитет за солиден пласман во новата натпреварувачка сезона.
Паскал во дуелот против Холон одигра 44 минути и забележа девет одбрани, дел од нив беа во моментите кога се кршеше резултатот.
Екс голманката на Металург и Куманово во претходното, 3 коло против екипата на Хапоел Рижон имаше 17 интервенции и по вторпат беше најдобар голман на колото.