Македонската интернационалка Бисера Паскал, која во оваа сезона настапува во амбициозниот тим на Бнеи Херцлија од Израел, продолжува со одличните партии во израелскиот шампионат.
Голманката од Македонија со својот тим беа поразени од Хапоел Рижон, со еден гол разлика 30:29, во натпревар од 3. коло од тамошниот шампионат.
Македонката во дуелот против Хапоел Рижон бранеше во првите 20 минути, потоа настапи и во вториот дел и натпреварот го заврши со 17 одбрани, кои беа недоволни за барем бод во дерби натпреварот.
Со одличните партии меѓу стативите, екс голманката на Куманово и Металург по вторпат беше најдобар голман на колото.