Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука за суспензија на членот на Преспа, Мартин Табаковски.
Тој е казнет со забрана за настап на шест натпревари, откако доби црвен и син картон на средбата меѓу Металург РА и Преспа, кој заврши со убедлива победа на тимот од Автокоманда со 38-16.
Табаковски на тој натпревар доби најпрво црвен картон поради неспортско однесување кон судиите Марко Огњановски и Дамјан Савиќ, а потоа доби и син картон.
Членот на Преспа веќе го пропушти мечот со Драчево, па останува да паузира уште пет меча против Борец, Партизан, Астраион, Аеродром и Металург РА.