Тимот на Порто со Никола Митревски на голот, го доби португалското дерби со освојувачот на трофејот од Лигата на Европа, Бенфика, откако славеше на домашен терен со 33-29.
Триумфот беше најавен уште по првиот дел, кога Порто имаше предност од пет погодоци, 19-14.
Македонскиот чувар на мрежата ја подели минутажа со Себастијан Франдсен и успеа да одбрани четири удари на ракометарите на Бенфика.
Митревски прослави и мал јубилеј во дресот на португалскиот првак токму против неговиот поранешен клуб – мечот со Бенфика беше негов стоти настап за Порто.