Македонското дуо Дарко Димитриевски и Димитар Димитриоски со Ваљадолид останаа непоразени на мечот против Ла Риоха во Асобал лигата.
Иако губеа во финишот со гол разлика, сепак домашните на крајот се изборија за реми и бод против фаворизираниот ривал, 29-29.
Димитриоски немаше промашување и постигна два гола од два обида, додека Димитриевски беше стрелец на два погодока од три обиди.
Со овој бод, тимот на Ваљадолид сега има вкупно осум, а тоа е доволно за деветтата позиција на табелата.