Тимот на Лемго, каде што брани македонскиот голман Борко Ристовски, забележа нова победа во Бундес лигата.
Лемго славеше на домашен терен против составот на Минден со 30-27, а Ристовски бранеше во последните дваесетина минути во кои забележа три одбрани од 12 шута кон неговиот гол.
Тимот на Хановер, каде што настапува Филип Кузмановски загуби на гостински терен кај Фуксе Берлин со 32-30.
Хановер водеше во првиот дел, беше конкурентен и во второто полувреме, но на крајот остана без бодови. Кузмановски не се запиша во листата на стрелците.