Втор предизвик за женската репрезентација на Македонија на Европското првенство ќе биде дуелот со селекцијата на Холандија.
Селекторот Љубомир Савевски го најави дуелот со светскиот првак од 2019 година и вели дека ќе се обидеме да изненадиме.
„Ова ЕП е посилно од СП бидејќи нема слаби репрезентации, сите се силни. Холандија е силна репрезентација, која игра многу брзо во транзиција. Ние сме дефицитарни на шутерските позиции. Но секако дека ќе се обидеме, ќе дадеме максимум и ако може да изненадиме“, изјави Савевски.
Натпреварот меѓу Македонија и Холандија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.