Некогаш најдобрата светска ракометарка со поддршка за македонските „лавици“ (ФОТО+ВИДЕО)

Во пресрет на Европското првенство 2022, кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора, некогаш најдобрата ракометарка на светот, легендарната Светлана Цеца Китиќ ја поддржа македонската репрезентација.

Китиќ преку видео порака им испрати мотивациска порака на репрезентативките на Македонија, кои ќе го имаат најголемиот предизвик во својата кариера.

Своите најголеми успеси Китиќ ги оствари во Раднички Белград, освои три европски круни, а има и трофеј во Купот на победниците на Куповите. Во 2010 година беше избрана за најдобра ракометарка на светот од страна на ИХФ.

Најголемите успеси на репрезентативно ниво ги имаше на Олимписките игри со Југославија кога во 1980 и 1984 го освои сребрениот, односно златниот медал.

Кога нејзиниот поранешен тим, Раднички, се натпреваруваше во Регионалната лига, таа беше чест гостин во Македонија.

Европското првенство ќе стартува на 4 ноември, а првиот дуел Македонија ќе го одигра на 5 ноември против моќната Франција.

Натпреварот меѓу Македонија и Франција се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:00 часот.