Денес со пет натпревари ќе се комплетира 6. коло од Лига на шампионите во машка конкуренција. Во денешните натпревари од најквалитетното европско натпреварување, настап ќе има и голманот од Македонија, Никола Митревски, кој со Порто ќе игра против ПСЖ.
Во досегашниот тек од сезоната, тимот на Порто не освои ниту бод на пет одиграни натпревари и денес во Франција ќе атакува на првата победа во новата сезона.
Во останатите натпревари, полскиот вицепрвак Висла Плоцк на свој терен ќе го пречека Веспрем, додека Барселона ќе се соочи со незгодниот состав на Нант, кој во претходното коло беше убедлив против Кил.
Интересна пресметка се очекува да има и на натпреварот меѓу ГОГ и Магдебург. Залетаниот Магдебург во претходното коло одигра нерешено против Веспрем, додека ГОГ славеше над Порто.
Екипата на Келце, која има само еден пораз, ќе се обиде да стигне до петтата победа во новата сезона, а противник на избраниците на Талант Душебаев ќе биде унгарскиот шампион ПИК Сегед.
Освен во Лигата на шампионите ќе се игра и во Бундес лигата, Унгарија, Русија, Шведска, Турција…На денешната програма ќе се одиграат и неколку квалификациски натпревари за настап на Светското првенство 2023 во женска конкуренција.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ТРАБЗОН – БЕЈКОЗ (ТУРЦИЈА)
18:30 ХАПОЕЛ ЛЕ ЗИОН – ХАПОЕЛ КИРЈАТ (ИЗРАЕЛ)
18:45 ПСЖ – ПОРТО (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
18:45 ВИСЛА ПЛОЦК – ВЕСПРЕМ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
19:00 САВЕХОФ – ЛУГИ (ШВЕДСКА)
19:00 СКОВДЕ – ХАЛБИ (ШВЕДСКА)
19:00 КА – СТЈАРНАН (ИСЛАНД)
19:05 ФЛЕНСБУРГ – ВЕСТФАЛЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 ХАНОВЕР – ЕРЛАНГЕН (БУНДЕС ЛИГА)
19:05 МЕЛСУНГЕН – ГУМЕРЗБАХ (БУНДЕС ЛИГА)
19:30 ФАРСКИ ОСТРОВИ – КОСОВО (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:00 ГРЦИЈА – БИХ (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:25 АВТСРИЈА – ФИНСКА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:30 АЗЕРБЕЈЏАН – ПОРТУГАЛИЈА (КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП)
20:45 БАРСЕЛОНА – НАНТ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 ГОГ – МАГДЕБУРГ (ЛИГА НА ШАМПИОНИ)
20:45 КЕЛЦЕ – СЕГЕД ( ЛИГА НА ШАМПИОНИ)