Македонската телевизија ќе ги пренесува натпреварите од Европското првенство што ќе стартува на 4 ноември и ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Веќе е познат распоредот на преноси на МТВ од првите два дена на континенталниот собир, а љубителите на ракометот ќе имаат можност да следат по два преноси.
Во деновите кога ќе игра Македонија, освен натпреварот на нашите девојки, во пренос ќе оди и вториот натпревар од нашата група.
Распоред на преноси од ЕП на МТВ:
4 ноември
18:00 Данска – Словенија
20:30 Норвешка – Хрватска
5 ноември
18:00 Македонија – Франција
20:30 Холандија – Романија
6 ноември
18:00 Хрватска – Унгарија
20:30 Србија – Данска
7 ноември
18:00 Македонија – Холандија
20:30 Романија – Франција