Печенковски го презема Јуниор КВ, ќе биде тренер – играч

Откако довчерашниот тренер на суперлигашот Јуниор КВ, Игор Котевски си поднесе оставка поради лошите резултати, раководството на клубот денес го соопшти името на новиот тренер.

Предводник на Јуниор КВ во понатамошниот тек од сезоната ќе биде искусниот среден бек и капитен Горан Печенковски, кој повторно ќе има двојна улога.

Изборот на Печенковски како нов тренер на тимот од Кисела Вода воопшто не е за изненадување, бидејќи ракометарот и минатата сезона ја извршуваше истата функција и нема да му биде потребно многу време за адаптација при изврушувањето на двојната улога како играч и тренер.

Јуниор КВ по осум одиграни натпревари во Суперлигата се наоѓа на последното, осмо место, во групата А. Поврантикот во македонската елита има само еден бод на свое конто и ѐ единствената екипа која нема остварено победа од својата група.

Игор Котевски си поднесе оставка – не е повеќе тренер на Јуниор КВ