Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло од групната фаза во Лигата на Европа.
Натпреварот меѓу португалскиот Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер ќе го судат арбитри од Австрија.
Станува збор за Денис Болиќ и Криштоф Хурих, додека делегат на овој натпревар ќе биде Италијанецот Марко Трепсиди.
Натпреварот меѓу Агуаш Санташ и Еурофарм Пелистер ќе се игра во Варзим со почеток од 20:45 часот.