Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска се гости во Португалија кај тимот на Агуаш Санташ во рамки од второто коло од Лига на Европа.
И двете екипи загубија во првото коло, битолскиот тим беше поразен од Архус, додека Агуаш Санташ од Бидасоа, па денеска се очекува да направат сè што можат за да се изборат за прв сезонски триумф на европска сцена.
Македонскиот вицепрвак знае дека нема да биде лесно против португалскиот тим и дека нема простор за многу опуштање, така што ќе треба да се даде најдоброто на терен и со победа да се подигне самодовербата пред дуелот против реномираниот Фуксе Берлин.
На денешната програма од Лига на Европа ќе бидат одиграни вкупно 12 натпревари. Во групата Д, во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер, Архус силите ќе ги одмери со Мотор и ќе се обиде да ја запише втората победа, а тимот на Фуксе Берлин на свој терен ќе ја пречека Бидасоа Ирун.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ВЕСПРЕМ ККФТ – КАДЕТЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 БЕНФИКА – ГЕПИНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФЕРЕНЦВАРОШ – ИШТАД (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ФЛЕНСБУРГ – ЕКС АН ПРОВАНС (ЛИГА НА ЕВРОПА)
18:45 ГРАЊОЛЕРС – СПОРТИНГ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АГУАШ САНТАШ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 АЛПЛА ХАРД – СКЈЕРН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 ФУКСЕ БЕРЛИН – БИДАСОА (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 МОНПЛЕЈЕ – ПРЕШОВ (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:45 НЕКСЕ – БАЛАТОНФУРДИ (ЛИГА НА ЕВРОПА)