Свтската ракометна федерација на два и пол месеци до стартот на Светското првенство, ги потврди промените на првично најавениот распоред.
Според него, Македонија требаше да ги игра дуелите со Норвешка, Холандија и Аргентина во „Таурон Арена“ во Краков од 20:30 часот, но според новиот распоред само еден дуел ќе биде одигран во тој термин.
Средбата со Норвешка ќе се игра на 13 јануари од 20:30 часот, додека средбите со Холандија и Аргентина ќе се играат на 15 и 17 јануари во првиот термин од 18:00 часот.
Централните термини сите натпреварувачки денови се резрвирани за Норвешка, домаќините Шведска и Полска, како и Данска и Шпанија.