Довчерашната екипа на Нева од Санкт Петербург која пред извесен период се ребрендираше и го смени името во Зенит, се израдува на првата победа во СЕХА лигата.
Ракометарите на Зенит триумфираа против Машека од Белорусија со четири гола разлика 34:30 во натпревар од 2. коло од дивизијата „Исток“.
Победникот на дуелот беше познат уште по првото полувреме, кое заврши со убедлива предност од 21:12 за домашниот тим.
Најефикасни во победничката екипа беа Павел Турев со седум и Виктор Бабкин со шест гола. Во поразениот табор единствена светла точка беше Егор Ковалевскиј со 11 погодоци.