ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Дерби во Куманово, нови предизвици за дел од македонските интернационалци

Денес на ракометната програма во Македонија ќе се одиграат пет натпревари од Женската лига, а најинтересно се очекува да биде во Куманово каде гостува амбициозната екипа на Пелистер. Кумановки стартуваа со два порази од Вардар и Чаир, но на последните одиграни четири натпревари немаше поголеми проблеми и оствари сигурни победи.

Интересно се очекува да биде и во дуелот за подобра позиција во групата А меѓу екипата на Гевгелија и дебитантот Скопје. Гевгелија на шест одиграни натпревари оствари само една победа, додека ракометарките на Валентина Радуловиќ во досегашниот тек имаат три порази и две нерешени средби.

На европска сцена активни ќе бидат и дел од македонските интернационалци. Македонскиот голман Градимир Чаневски заедно со Макаби Ришон му гостуваат на Хапоел Аштдод во рамки од 4. коло од шампионатот на Израел. Зорица Десподовска и Кобержице по успешниот настап во 2. коло од Европскиот Куп им се вратија на домашните обврски и денес силите ќе ги одмерат со незгодниот состав на Старт Елблаг.

Моника Јанеска и Ивана Гакидова, кои исто така со Коњалти се претставија во добро светло во дебитанската сезона во Европскиот Куп, денес ќе му гостуваат на Адасокаги. Настап ќе има и репрезентативката на Македонија, Јована Саздовска, која со Дунареа Браила ќе и се спротиставаат на Глорија Бистрица, екипа која што важи за еден од главните фаворити за освојување на титулата во Романија.

Десното крило Мартин Поповски и Амичитија Цирих ќе играат против Винтертур и ќе се обидат да дојдат до нови бодови, со кои ќе направат исчекор на табелата. Во рамки од Супер Глоуб турнирот ќе бидат одиграни четири натпревари. Освен во Саудиска Арабија, денес ќе се игра и низ Франција, Данска, Исланд, Германија, Унгарија, Израел, Романија…

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

11:45 ТАУБАТЕ – КЕЛЦЕ (СУПЕР ГЛОУБ)

12:00 АДАСОКАГИ – КОЊАЛТИ (ТУРЦИЈА)

13:00 ГОРЕЛЕ – ЈАЛИКАВАК (ТУРЦИЈА)

13:30 БАРСЕЛОНА – ЕСПЕРАНЦА ТУНИС (СУПЕР ГЛОУБ)

16:00 ВАРДАР – СПАРТАК (МАКЕДОНИЈА)

16:30 КУЗМАН ВАРДАР – МЕТАЛУРГ (МАКЕДОНИЈА)

17:00 БИСТРИЦА – ДУНАРЕА БРАИЛА (РОМАНИЈА)

17:45 АЛ АХЛИ – БЕНФИКА (СУПЕР ГЛОУБ)

18:00 МАГДЕБУРГ – АЛ КАЛЕЈ (СУПЕР ГЛОУБ)

18:00 ДРАМЕН – БОДО (НОРВЕШКА)

18:00 ХАСЛУМ – НАЕРБО (НОРВЕШКА)

18:00 БАЛАТОНФУРЕДИ – БУДАИ ФАРКАСОК (УНГАРИЈА)

18:30 СКЈЕРН – НОРДСЈЕЛАНД (ДАНСКА)

18:30 ХАПОЕЛ АШДОД – МАКАБИ ЛЕ ЗИОН (ИЗРАЕЛ)

18:30 РУНАР – БЕРГЕН (НОРВЕШКА)

18:30 ХАНОВЕР – ШТУРГАРТ (ГЕРМАНИЈА)

19:00 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ (МАКЕДОНИЈА)

19:00 БЕРГИШЕР – ГЕПИНГЕН (ГЕРМАНИЈА)

19:00 ПОТСДАМ – КИЛ (ГЕРМАНИЈА)

19:00 КОБЕРЖИЦЕ – ЕЛБЛАГ (ПОЛСКА)

19:00 ЈАГОДИНА – ЖЕЛЕЗНИЧАР (СРБИЈА)

19:30 ГЕВГЕЛИЈА – СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)

20:00 КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)

20:00 ДАНКЕРК – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)

20:00 КИКИНДА – НИШ (СРБИЈА)

20:00 ЦИРИХ – ВИНТЕРТУР (ШВАЈЦАРИЈА)

20:30 МОРС – ФРЕДЕРИЦИЈА (ДАНСКА)