Словенија се помачи со Косово, Црна Гора го освои Сараево

Избраниците на Урош Зорман во натпреварот од 2. коло од квалификациите за пласман на ЕП 2024 за противник ја имаа селекцијата на Косово, која се покажа како сериозен ривал, иако загуби со 29:24 (12:14).

Словенија потешко од очекуваното дојде до посакуваната цел и во најголемиот дел од натпреварот никако не можеше да го скрши отпорот на косовската селекција.

Најефикасни во словенечката репрезентација беа Блаж Јанц со шест и Алекс Влах со пет погодоци. Кај Косово најефикасен беше Езгон Џука со шест гола.

Црна Гора на гостувањето во Сараево кај БиХ дојде до победа од 36:25 (11:21). Победникот беше решен уште во првото полувреме, па така вториот дуел повеќе наликуваше на формалност.

Во таборот на Зоран Рогановиќ најефикасни беа Милош Вујовиќ и Немања Грбовиќ со по седум погодоци. Марко Давидовиќ со десет гола ги предводеше стрелците во домашната репрезентација.

 

ШОК за „лалињата“ во Грција, Србија маршира кон ЕП

Португалија како Македонија – го демолира Луксембург на негов терен