Португалија како Македонија – го демолира Луксембург на негов терен

Останатите два ривали на Македонија во квалификациите за пласман на ЕП 2024, Португалија и Луксембург, денес го одиграа меѓусебниот дуел, кој повеќе наликуваше на формалност, бидејќи репрезентацијата на Португалија забележа убедлива победа со 32:21.

Сите дилеми околу победникот беа решени уште по првото полувреме, кое што заврши со предност од 14:5 во корист за Португалија.

Ракометарите на Португалија рутински ги одиграа вторите 30 минути  и ја запишаа втората победа во квалификацискиот циклус.

Убедлива победа оствари и репрезентацијата на Унгарија, која против Грузија не виде мака и славеше со 41:24. Во репрезентацијата на Грузија настапија и двајцата членови на Охрид, Зураб Цинцадзе и левото крило Хасеин Рустамов, како и средниот бек на Прилеп, Мириани Гавашелишвил.

Цинцадзе натпреварот против Унгарија го заврши со три интервенции, додека Рустамов постигна еден гол. Гавашелишвил не успеа да се запише во листата на стрелци.

Полска исто така без проблеми славеше кај Летонија со 37:19, а левото крило на Вардар имаше три гола од три обиди, додека убедлива беше и Чешка, кој на гости го победи Израел со 29:19. Норвешка стигна до втора победа на гости кај Финска со 35:22, а ниту Романија немаше големи проблеми на домашен терен со Украина и ја победи со 34-26.

Во натпревар од ЕХФ Евро Купот се сретнаа Данска и Шведска. Скандинавското дерби и припадна на Шведска, која триумфираше со 34:32. Најефикасен во Шведска беше Џим Готфридсон со пет погодоци. Микел Хансен со шест гола ја предводеше листата на стрелци во поразениот табор.

Циндриќ, Карачиќ, Дувњак…се мачеа против Белгија, во финишот обезбедија триумф!

24rakomet.mk/македонија-победи-во-турција-моќно-до/