Ракометарките на Вардар ја забележаа шестата победа во шестиот натпревар од Женската лига откако славеа на гостувањето кај Шампион со убедливи 40-13.
Триумфот на избраничките на Александар Царчев беше обезбеден уште по првиот дел, кога водеа со 12 гола разлика, 18-6.
Во второто полувреме нападот на гостинките беше уште подобар и мрежата на Шампион ја наполнија до врв.
Најдобар стрелец во составот на Вардар беше Сара Миновска со седум гола, а по шест постигнаа Ивона Трпевска и Бојана Диневска. Кај Шампион по три пати во листата на стрелци се запишаа Кралева и Трајков.