Како се ближи почетокот на женското сениорско ЕП каде и Македонија е коорганизатор, заедно со Словенија и Црна Гора така и Ракометната федерација на Македонија почесто почна да има активности.
На неформалното дружење како што го нарекоа, се појави и селекторот на машката репрезентација Кирил Лазаров кој имаше своја порака до сениорките.
„Треба да го искористиме ова ЕП, максимално, не само за женскиот, туку комплетно за целиот македонски ракомет, да одиме напред. Поддршката ја имаат максимално. Можеби сме аутсајфдери, но знам дека фаворитите не победуваат секогаш. Да изненадиме барем еден противник и да се пласираме во следната фаза, им порача Лазаров на девојките кои ќе играат на ЕП:
Лазаров се надева дека подеднакво како што и машката репрезентација на има постојано поддршката од публиката на трибините, така треба да биде и сега со девојките.
„Се надевам и нашата публика и „фалнагата“ ќе ја бдрат и женската репрезентација. Тие го заслужуваат. Нашиот женски ракомете е во нагорна линија, ќе бидат констатнти учесници на големи натпреварувања. Се работи добро, амбициозно. Мислам дека сме на добар пат. Макеоднија заслужува да има добра женски ракомет. Голем настан ни претстои.Ќе ми биде задоволство да бидам присутен, да гледам. Доаѓаат големи играчи, тренери. Од секого може нешто да с енаучи. Ќе можеме сите заендички да уживаме, порача Лазаров.
Од 4 до 20 ноември сениорското ЕП се одржува во Македонија, Црна Гора и Словенија. Во салата „Борис Трајковски“ ќе се игра една група а потоа и главната фаза, а финалниот викенд е во Словенија.
Македонија е во група со Холандија, Романија и Франција.