Шпанскиот стратег Даниел Гордо по само пет месеци на клупата на египетскиот Ал Ахли, доби отказ.
Според пишувањата на „Марка“, причина за отказот на Гордо е слабиот настап на египетскиот тим на Африканскиот клупски шампионат.
Таму Ал Ахли го освои третото место, а отказот за Гордо доаѓа во незгодно време бидејќи екипата ја очекува настапот на Супер Глоуб.
На неофицијалното светско клупско првенство, Ал Ахли ќе биде во група со Бенфика и Ал Мудар, чиј нов тренер е Зоран Кастратовиќ.
Договорот на Гордо со Ал Ахли беше потпишан до летото 2024 година, а за време на престојот во египетскиот тим тој го освои трофејот во африканскиот Суперкуп.