По седум одиграни кола во данскиот шампионат во женска конкуренција, ниту една екипа не успеа да направи исчекор на табелата.
Со вчерашниот убедлив триумф на Икаст против Оденсе од десет гола разлика, 32:22, стана јасно дека во игра за шампионската титула се дури пет екипи.
Иако во шампионатот на Данска најдобрите осум екипи ќе обезбедат пласман во плеј-оф фазата, сепак, според моменталната состојба на табелата, четирите екипи кои што имаат по 12 бода, Икаст, Есбјерг, Никобинг и Оденсе, како и Копенхаген, екипа која се наоѓа на 5. позиција со 10 бода на свое конто, до самиот крај ќе водат борба за секој бод.
Двете екипи од Данска кои партиципираат во Лигата на шампионите, актуелниот шампион и вицепрвак, Оденсе и Есбјерг, ќе треба максимум да одработат до почетокот на плеј-оф фазата доколку сакаат да се борат за шампионската титула, бидејќи тимовите кои атакуваат на посериозен успех во новата сезона покажаа дека можат да се носат против нив.