Еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Данска, Матијас Гидсел продолжува да освојува индивидуални признанија.
23-годишниот ракометар, кој моментално настапува за бундеслигашот Фуксе Берлин, е избран за ракометар на годината во својата земја.
Ова признание доаѓа од Здружението на ракометарите во Данска. Во изборот влегуваат играчи од двата ранга во данскиот ракомет и професионални играчи во странство.
Гидсел на Светското првенство во 2021 година со репрезентацијата на Данска го освои златниот медал и на Мундијалот беше избран за најдобар десен бек. Истото признание го доби и една година подоцна, односно на Европското првенство во Унгарија и Словачка (2022).
На Олимписките игри во Токио, Гидсел ја доби наградата за најкорисен играч (МВП), а на неговата позиција, десен бек, за најдобар беше избран, Јахја Омар од Египет.
Иако има само 35 меѓународни настапи за сениорската репрезентација на Данска, младиот ракометар може да се пофали со пет медали од големите натпреварувања.