Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го започнува патот до пласман на ново големо натпреварување, ЕП 2024 во Германија.
Ракометарите на Македонија ќе се соочат со селекцијата на Луксембург, која влезе во квалификациите како замена бидејќи беа исклучени Белорусија и Русија.
Избраниците на Никола Малешевиќ денес во СЦ „Борис Трајковски“ го одработија последниот тренинг пред дуелот против Македонија.
Денешната средба меѓу Македонија и Луксембург се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.