Машката сениорска репрезентација денеска го започнува патот до пласман на ново големо натпреварување, ЕП 2024 во Германија.
Избраниците на Кире Лазаров ќе се соочат со селекцијата на Луксембург, која влезе во квалификациите како замена бидејќи беа исклучени Белорусија и Русија.
Македонија досега играше четири пати со Луксембург, и сите четири натпревари ги има добиено со висока разлика.
Првите две средби беа од квалификациите за ЕП 1998, десет години подоцна уште две средби во квалификации за континентален собир.
Денешната средба меѓу Македонија и Луксембург се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 19:00 часот.
Меѓусебни натпревари на Македонија и Луксембург:
5/3/1997, Луксембург – Македонија 24-28, квалификации за ЕП 1998
8/3/1997, Македонија – Луксембург 36-25, квалификации за ЕП 1998
3/1/2007, Македонија – Луксембург 35-25, квалификации за ЕП 2008
6/1/2007, Луксембург – Македонија 26-33, квалификации за ЕП 2008