Еден од најстарите клубови од Данска, Ајакс од Копенхаген денес прогласи банкрот и поради тоа своите настапи ќе ги продолжи во третото по ранг натпреварување во Данска, пренесува данската телевизија „ТВ2“.
Клубот, кој се натпреваруваше во прволигашкото друштво во Данска имаше тешка финансиска ситуација и имаше рок од неколку недели да собере 1,8 милиони дански круни, односно 242.000 евра, но не успеа да привлече нови спонзори и да се спаси од банкрот.
Ајакс во последните неколку месеци ниту им исплатувал плати на играчите, ниту го обезбедувал потребното осигурување, што инаку е услов во стандардниот договор на здружението на ракометари во Данска.
Тимот на Ајакс во својата историја девет пати ја освојуваше шампионската титула во Данска. Последен пат беше шампион на Данска во далечната 1964 година.