Репрезентативецот на Норвешка и актуелен член на Кил, Сандер Сагосен во следното лето ќе го напушти тимот на „зебрите“ и ќе се пресели во амбициозниот тим на Колстад.
Носителот на играта на репрезентацијата на Норвешка, која е еден од ривалите на Македонија на СП 2023, за норвешкиот канал ТВ2 зборуваше за неговата кариера, како и за одлуката од Кил да направи трансфер во ѕвездениот тим во обид.
,,Можам да кажам дека требаше три до четири месеци сѐ да се среди за трансферот во Колстад. Но, имаше многу завидливи луѓе и оние кои не се согласуваа со мојот избор, но исто така и оние кои не веруваа во овој проект. Но, на крајот тоа е моја одлука и јас одлучувам за тоа”, изјави Сагосен за ТВ2.
За потсетување, буџетот на Колстад во 2023 година би требало да биде најмалку 6.000.000 евра. Освен Сагосен, во норвешкиот ракометен гигант од следната сезона ќе играат и Магнус Род и Горан Јохансесен од бундеслигашот Фленсбург.