Голманот на норвешкиот шампион Елверум, Емил Имсгард, во следната сезона ќе има нов предизвик во кариерата.
Тој за тамошните медиуми потврди дека од следното лето ќе ги брани боите на унгарскиот првак ПИК Сегед.
24-годишниот Норвежанец прикажува одлични партии за Елверум во Лигата на шампионите веќе неколку сезони и го привлече вниманието на другите клубови.
Доаѓањето на Имсгард ќе значи веројатно и заминување на Мирко Алиловиќ, чиј договор истекува на крајот на сезоната, додека Роланд Миклер има договор до 2024 година.