Првите квалификациски натпревари за ЕП 2024 ќе започнат на 13 октомври и поголемиот број од селекторите веќе ги отворија картите и соопштија со каков состав ќе се борат за билет за континенталниот собир во Германија.
Селекторот на Србија, Тони Херона го објави списокот за првите два квалификациски натпревари против Финска и Словачка. Шпанскиот тренер за овие натпревари ќе може да смета на 18 ракометари.
Шанса за докажување на своите квалитети ќе имаат младите Милош Кос од Извиѓач и Лука Роган од Војводина, но и искусниот член на Нексе Нашице, Предраг Вејин, кој игра во одлична форма во хрватскиот вицепрвак.
Ракометарите на Србија на 13 октомври во Нови Сад ќе ја пречекаат селекцијата на Финска, додека на 16 октомври во Прешов силите ќе ги одмерат со незгодниот состав на Словачка.
Србија за пласман на Европското првенство во Германија ќе се бори и против репрезентацијата на Норвешка. Избраниците на Херона реванш натпреварите против Финска и Словачка, како и двобојот со Норвешка ќе ги одиграат во 2023.
Голмани: Дејан Милосављев (Фуксе Берлин), Владимир Цупара (Веспрем)
Леви крила: Вања Илиќ (Шартр), Милош Грозданиќ (Војводина)
Десни крила: Богдан Радивојевиќ (ПИК Сегед), Вукашин Воркапиќ (Иври)
Пикери: Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин), Драган Пешмалбек (Веспрем), Лука Роган (Војводина)
Бекови: Петар Ѓорѓиќ (Бенфика), Илија Абутовиќ (Шарт), Урош Борзаш (Елверум), Лазар Кукиќ (Динамо Букурешт), Милош Кос (Извиѓач), Стефан Додиќ (Загреб), Предраг Вејин (Нексе), Милош Орбовиќ (Луцерн), Михајло Радојковиќ (Тримо)