Некогашниот ракометар на Металург, 34-годишниот Никола Кеџо, во новата сезона ќе ги брани боите на Клаксвик од Фарски Острови.
Десниот бек од Хрватска, кој важеше за миленик на Лино Червар и играше во Автокоманда во сезоната 2013/14, не ги оправда очекувањата на хрватска јавност и не изгради кариера каква што се очекуваше од него.
Двометрашот од Каштела во 2005 година замина во славниот Сиудад Реал, играше во Алкобендас и Теукро, па во германскиот Диселорф, унгарскиот Чурго и Нексе, пред да дојде во Македонија.
По кратката авантура во Металург замина во Катар Спорт, беше член на полските Тарнов и Гвардија Ополе, норвешкиот Арендал, швајцарскиот Берн Мури, романската Стеауа, а последната сезона ја мина во финскиот Кокс.