Францускиот „Л’Екип“ ја откри причината поради која Никола Карабатиќ не беше дел од дуелот на ПСЖ со Магдебург во Лигата на шампионите.
Тој имал позитивен тест на коронавирус, па мораш да го пропушти и дуелот од францускиот шампионат против Кретеј.
По враќањето од Германија, позитивен тест на коронавирус добил и неговиот брат Лука Карабатиќ, па тренерот Раул Гонзалес, ќе мора без двајцата во следниот период.
ПСЖ следната недела го очекува средба против хрватскиот првак Загреб, на која ќе се обиде да освои нови бодови.