Раководството на женскиот клуб на Пелистер направи промена на тренерската позиција по две одиграни кола, во кои тимот ремизираше против Скопје и загуби од Вардар.
Ракометарките на Пелистер во понатамошниот период ќе бидат предводени од новиот тренер Адријано Котевски, кој на позицијата доаѓа на местото на поранешната репрезентативка на Македонија, Александра Здравевска.
Котевски пред извесен период се стекна со највисоката Мастер Коуч лиценца, а во својата тренерска кариера беше предводник на Македонија Ѓорче Петров и Прилеп.
Искусниот тренер за првпат ќе предводи женска екипа и своето деби како нов тренер на Пелистер ќе го има во денешниот натпревар на гостувањето во Скопје против екипата на Шампион.