Во рамките на денот на Општината Ѓорче Петров, беше одржано и доделување на специјални награди за афирмација на општината.
Градоначалникот Александар Стојкоски им додели специјална плакета на ракометарките, стручниот штаб и раководството на Ѓорче Петров.
Ѓорче Петров ја освои титулата во Женската лига минатата сезона и по 13 години се врати на тронот во женскиот клупски ракомет во Македонија.
Клубот предводен од Симе Симовски оваа сезона освен на домашната сцена ќе биде активен и на меѓународна сцена во Европскиот Куп.