Официјалниот сајт на бундеслигашот Лајпциг објави за повредите на двајца ракометари кои се важни алки во играта на екипата.
Станува збор за хрватскиот плејмејкер Ловро Јотиќ и шведскиот лев бек Оскар Сунефелт, кои ќе отсуствуваат од ракометните терени во следниот период.
Некогашниот ракометар на Вардар и Еурофарм Пелистер веќе имаше операција на левото колено и го чека пауза од неколку месеци.
Германскиот клуб веќе бара замена за средниот бек, додека Швеѓанецот Сунефелт се повредил на тренинг и нема информација колкава ќе биде неговата пауза.
Јотиќ во Македонија одигра по една сезона во Скопје и во Битола, пред да се пресели во 2021 година во Бундес лигата.