Тимот на Кастриоти по елиминацијата од Европскиот Куп, им се врати на победите и имаше триумфален старт на првенството во Косово.
Кастриоти предводен од Аце Станковски славеше на домашен терен против новиот суперлигаш Вучитрн предводен од Андон Бошковски со 29-27.
За домашниот тим настапија и двајцата македонски интернационалци – кружниот напаѓач Кристијан Анастасовски и средниот бек Борис Ристовски.
Анастасовски беше стрелец на еден гол и имаше две исклучувања, додека Ристовски погоди два пати, од кои еден гол беше во решавачките моменти на мечот.