Левиот бек на Радовиш, Здравко Постолов, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 1 коло од Супер машката лига.
Постолов освои околу 53% од гласовите, а второпласираниот Василије Печурица од Еурофарм Пелистер 2 собра околу 33% од гласовите.
Левиот бек на радовишани, ја продолжува одличната форма што ја имаше минатата сезона и на стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво
Во трка за МВП беа уште и Мирко Мајиќ, Куни Моралес, Филип Арсеновски, Димитар Ѓоргиевски и Ненад Костески.