Тимот на Самбр Авенуа каде што игра македонската репрезентативка Јована Кипријановска обезбеди место во втората рунда од Купот на Франција.
Самбр Авенуа на домашен терен беше подобар од составот на Асул Ан Велан со убедливи седум гола разлика, 35-28.
Кипријановска на овој натпревар успеа да постигне четири гола од пет обиди, а два од нив беа од удари од седум метри.
Ривалот за второто коло во Купот на Франција, Самбр Авенуа и Кипријановска ќе го дознаат во вторник кога ќе се одржи ждрепката, но таму може да налетаат на тимови од типот на Мец, Брест, Ница, Безансон…