СЕХА Ф4 2022: Хосни – Мора да извлечеме поуки од овој натпревар

Еурофарм Пелистер загуби во полуфиналето на регионалната СЕХА лигата од унгарски Веспрем со 41-27.

Десниот бек Усама Хосни смета дека овој натпревар ќе им послужи како големо искуство за следните натпревари.

„Сите знаевме дека Веспрем е еден од најдобрите тимови во светот. Се обидовме да го дадеме најдоброто од себе, но не успеавме да одиграме според договорот. Ракометарите на Веспрем скоро две години играат заедно, ова е нешто ново за нас, мора да продолжиме и да извлечеме поуки за иднината од овој натпревар“, вели Хосни.

Еурофарм Пелистер ќе се бори за третото место в недела од 16:30 часот против хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.