Унгарскиот повеќекратен првак Веспрем во Задар на Ф4 турнирот во СЕХА лигата доаќа како голем фаворит кој може по петти пат да биде победник, со што би се изедначил со Вардар. Во полуфиналето што се игра утре ривал на Унгарците ќе биде нашиот Еурофарм Пелистер, во вечерниот термин од 20,30 часот во салата „Крешимир Ќосиќ“.
Во тимот на Веспрем не кријат дека се фаворити на овој полуфинален меч, но исто така потенцираат дека мечот почнува од „0:0“.
„Почнуваме од нула, и не треба да криеме дека сме ние фаворити. Но, секако тоа не значи ништо, треба да се влезе во мечот сконцентриран, да се победи, без разлика кој е фаворити а кој е аутсајдер. Треба најдоброто да го прикажеме, вели Расмус Лауге, бекот на Веспрем.
„Секогаш има простор за подобрување. Досега направивме добра работа во претсезоната, со добри мечеви и добри ривали. Мислам дека ако гледате според досегашото е добро, но не треба така да се гледа. Утре почнуваме се одново“
Неколку нови играчи дојдоа во Веспрем сезонава, и според тренерот Момир Илиќ тие ќе треба да се приспособат на сисмеот во тимот. Доаѓаат во Задар со шанса да испишат нова историја, иако тоа нема да биде најважното.
Досега на последните два Ф4 турнири во Задар, тимот на Веспрем одигра четири натпревари и двапати ја освојуваше титулата во СЕХА. Сега има четири трофеи.
„Ова е добра ситуација за нас, Тука победувавме секогаш. Знаеме дека секогаш е добро кога се брани титулата. Имаме добар ривал. Без разлика дали се игра финале на СЕХА или Ф4 нема фаворити. Секогаш треба нешто да се подобри во играта. Сега имам одлични играчи во тимот. Моја цел е да имам добри играчи и ќе бидеме секако уште подобри. Ќе продолжиме со ист ракомет како и досега, а играчите ќе треба да се приспособат на нашиот систем, смета Илиќ.