Машката младинска репрезентација на Египет по 13 пат во историјата и вторпат во серија стана првак на Африка.
Во финалето „фараоните“ покажаа моќ и со 20 гола разлика славеа против селекцијата на Алжир, 35-15, што е досега највисока победа во историјата во еден натпревар за титула.
Тунис ја освои бронзата откако во битката за трето место славеше против Ангола, 24-22, додека петтото место го освои Мароко со триумфот над Либија по пеналите, 35-34.
Сите овие шест селекции обезбедија место на младинското Светско првенство во Германија и Грција следното лето.