Новиот македонски суперлигаш Алкалоид, со пораз ги заврши настапите на турнирот „Трофеј Нови Београд“.
Алкалоид по ремито против Хапол Ашдод, и победата над Динамо Панчево, загуби од Партизан со 31-25.
По настапите во Струга и во Белград, ракометарите на Кире Лазаров се враќаат во Македонија и ќе се подготвуваат за стартот на Суперлигата.
Алкалоид ќе игра во групата А во елитното друштво заедно со Вардар, Вардар Неготино, Бутел Скопје, Охрид, Куманово, Струга и Прилеп.