Поранешниот македонски шампион Куманово стартуваше со триумф на контролните натпревари во соседна Србија.
Кумановки, кои се предводени од Драгана Ристова славеа на гостувањето кај Црвена Ѕвезда со убедливи 41-33.
Новиот тренер на Куманово им даде шанса на сите ракометарки што ги имаше на располагање.
Утре македонскиот тим ќе игра натпревар против Војводина, додека задутре го очекува уште еден тест против Раднички Крагујевац.