Куманово на српска турнеја

Поранешниот македонски шампион Куманово од денеска ќе биде дел од мини турнир во Србија, каде што ќе одигра три натпревари.

Избраничките на Драгана Ристова денеска ќе се сретнат со тимот на Црвена Ѕвезда во Белград од 14:30 часот.

Утре следува натпреварот против Војводина, додека задутре кумановки ќе играат со Раднички Крагујевац.

Куманово се наоѓа во групата А со Вардар, Гевгелија, Пелистер, Чаир, Скопје, Шампион и Спартак, а натпреварите во Женската лига ќе стартуваат на 10/11 септември.