Денеска стартуваше седмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, кој се одржува во чест на истакнатиот македонски ракометар.
Домаќинот, составот на Прилеп, покажа дека има квалитет и триумфираше на стартот на ПАОК Солун со 28-26 во интересен натпревар.
Вториот гостин на турнирот, српската екипа Дубочица Лесковац не дозволи изненадување и беше убедлива против новиот македонскиот прволигаш Мулти Есенс со 36-22.
Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат натпреварите од второто и третото коло, по што ќе бидат познати двојките за завршните битки.
Турнир „Миле Нешкоски“, распоред на натпревари:
Прилеп – ПАОК 28-26
Дубочица- Мулти Есенс 36-22
27.08 (сабота)
10:00 часот, ПАОК – Струга
12:00 часот, Дубочица – Скопје
18:00 часот, Прилеп – Струга
20:00 часот, Скопје – Мулти Есенс
28.08 (недела)
09:00 часот, натпревар за петто место
11:00 часот, натпревар за трето место
13:00 часот, финале