Репрезентативката на Германија и членка на дански Есбјерг, Дина Екерле, ја очекува подолга пауза од ракометните терени поради приватни причини.
Искусната голманка, која во минатата сезона направи трансфер од Мец во клубот од Данска, објави дека е бремена.
Екерле, заедно со нејзиниот партнер, Флори, преку социјалната мрежа Инстаграм го најавија претстојното надополнување во семејството.
,,Пресреќни сме што конечно можеме да споделиме со вас дека следната година ќе станеме родители на мало девојче. Најдоброто допрва доаѓа…”, напиша Екерле на Инстаграм.
Германија на Европското првенство во ноември, на кое нашата држава заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат домаќините на континенталниот собир, ќе мора да најде соодветна замена за Екерле.
View this post on Instagram