Стефан Додиќ ќе настапува на позајмица во Загреб

Екс ракометарот на Охрид, Металург и Вардар, Стефан Додиќ во новата сезона ќе настапува за хрватскиот шампион Загреб.

Додиќ, кој беше прогласен за МВП на Светското младинско првенство во Португалија, во најтрофејниот клуб од Хрватска ќе настапува на едногодишна позајмица од редовите на полскиот гигант Келце.

Раководството на Загреб преку клупската страна официјално ја потврди соработката со младиот и перспективен ракометар и го најави како големо засилување во својот тим.

Српскиот репрезентативец во составот на Ивица Обрван на средната бековска позиција ќе се бори за место со Тим Томљановиќ и Карпо Сиротиќ.