Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими кадетски репрезентативци и стручниот штаб по повод освоеното злато на европскиот Б шампионат во Летонија.
Тој упати честитките за одличниот настап на нашите ракометари, и за низата без пораз на пет меча.
„Импресионира патот до шампионската титула без ниту еден пораз и фактот што во идеалниот тим на шампионатот се избрани четворица македонски репрезентативци. Горди сме што кадетската репрезентација со супериорниот триумф ја продолжува традицијата на одлични резултати во македонскиот ракомет, како еден од нашите најуспешни спортови“, истакна Пендаровски.
Со освоеното прво место во Летонија, кадетите обезбедија место на кадетското СП 2023 во Хрватска, како и место на младинското ЕП 2024 година.