Во следните пет дена фокусот на ракометната јавност ќе биде насочен кон Струга и отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај Женската плажа.
Домаќинот Струга и Еурофарм Пелистер ќе го отворат турнирот, а веднаш потоа ќе излезат на терен бранителот на тронот, Вардар против Алкалоид.
По свеченото отворање, за крај на првиот ден ќе играат Бутел Скопје и словенечкиот првак Целје Лашко.
Покрај турнирот во Струга, низ Европа се играат уште неколку пријателски средби.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 СТРУГА – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СТРУШКИ ТУРНИР)
18:30 ХАПОЕЛ АШДОД – ХАПОЕЛ РАМАТ ГАН (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
19:00 ВАРДАР – АЛКАЛОИД (СТРУШКИ ТУРНИР)
19:00 ПОРТО – ОНЕРЕДС (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
20:15 ХАМБУРГ – СЕН РАФАЕЛ (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
21:30 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ЦЕЛЈЕ (СТРУШКИ ТУРНИР)