Тимот на Металург го заврши настапот на турнирот во Словачка во организација на Јувента Михаловце, со три порази.
Најпрво македонскиот тим загуби од српската Јагодина со 36-16, додека во вториот натпревар беше поразен од домаќинот Јувента со 42-12.
Во третото коло екипата од Автокоманда претрпе пораз и од полската екипа Јарослав со 37-15.
Металург не беше комплетен на ова патување и дел од ракометарките не играа поради разни причини, па ваквиот расплет беше и очекуван.
Тимот од Автокоманда покрај домашните предизвици, ќе игра и на европска сцена во Европскиот Куп против ПАОК Солун.