Jozo Cabraja / kolektiff

СТРУГА 2022: Знаете ли дека ако не беше турнирот во Струга, Никола Карабатиќ немаше да игра за Франција

На меѓунарорниот ракометен турнир во Струга низ досегашните 49 изданија продефилирале многу познати ракометни имиња и клубови, кои во тоа време биле на врвот или пак токму од Струга почнувала нивната светска кариера.Во Струга секогаш имало и бројни скаути кои барале нови играчи, па затоа турнирот многумина го сметале за отскочна даска.

Токму Струга ќе се покаже и како клучна за една идна кариера, на еден од најдобрите светски ракометари на сите времиња – Никола Карабатиќ. Иако тој никогаш не настапил во Струга, токму македонскиот турнир ќе го насочи кон врвот.

На турнирот во Струга во 1983 година, токму таткото на браќата Карабатиќ ќе направи трансфер од соништатата, откако на првите одиграни натпревари имал одлични партии во дресот на Железничар Ниш. Наместо во тогашна СФРЈ, Никола ќе продолжи да живее во Франција, а потоа и ќе заигра за таа репрезентација.

„На Струшкиот турнир екипите си разменуваат контакти за во иднина, договараат пријателски натпревари, но исто така се случило да се реализира и по некој трансфер. Во 1983 година, при гостувањето на екипата од Србија, Железничар Ниш, нивниот голман, Бранко Карабатиќ, кој е татко на прославените Никола и Лука Карабатиќ, во Струга имаше одлични партии и за време на турнирот договори трансфер во Франција, замина по една сезона и остана да живее таму. Ни самиот не го очекуваше тој трансфер од соништата, вели Славчо Каланоски, поранешен голман на Струга и дел од организациониот одбор на турнирот.

Откако Бранко заминал за Франција, и спортскиот пат на Никола, а потоа и неговиот брат Лука тргнуваат во вистинската насока.

Повеќе детали за турнирот во Струга, вести, табели, резултати, претставување на екипите, распоред на натпреварите,… можете да најдете во делот за СТРУГА 2022 на www.24rakomet.mk во главното мени на страната.

Следете не на нашата страница на Facebook и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет и добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон. Можете и да коментирате, да ги кажете вашите размислувања под секоја објава на веста на Вибер.